Реал Мадрид најжестоко и се заканувал на УЕФА со Европската Супер-лига

Реал Мадрид бил лидер во идејата за формирање ново натпреварување надвор од ингеренциите на УЕФА и најголемиот конфликт всушност бил меѓу „кралскиот клуб“ и европската фудбалска асоцијација. Вакво тврдење изнесе претседателот на холандската фудбалска федерација, Михаел фан Праг кој сведочи дека се сосема погрешни тврдењата дека иницијатор на идејата бил Баерн Минхен.

„Имаше закани кон УЕФА, но не од Баерн Минхен, туку од Реал Мадрид, заканите беа жестоки и имаше зборови кои воопшто не би сакал да ги повторам“ – вели Фан Праг.

Тој уште објаснува дека всушност Карл Хајнц Румениге кој беше меѓу најповиканите кога излегоа информациите за Супер-лигата бил тој што ја смирувал ситуацијата и постојано  се обидувал да ги доведе клубовите и УЕФА на преговарачка маса.

 

Се вчитува...