Реал Мадрид е во потрага по нов стопер, но сумата од најмалку 70 милиони евра за ангажман на првите трансфер мети: Вилијам Салиба од Арсенал, Ибрахим Конате од Ливерпул и Кастело Лукеба од Лајпциг предизвикуваат финансики потешкотии, па „кралевите“ ќе се насочат кон поефитини, но перспективни опции.
Станува збор за два 19-годишни фудбалери, Дин Хујсен и Џорел Хато кои покажуваат голем потенцијал и играат одлична сезона за Бормут, односно Ајакс.
Хјусен не крие дека е голем фан на Реал Мадрид и не би имал ништо против за реализација на трансферот од сништата, но пречка за реализација на истиот може да биде сумата од 60 милиони евра која е запишана во откупната клаузула.
Хато пак е проценент на 30 милиони евра, а и може да ја покрие позицијата лев бек па се споменува како поверојатна опција за трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА