Стоперот на Борусија Дортмунд и германската репрезентација Нико Шлотербак е во центарот на интерес поради евентуален трансфер во еден од големите европски клубови.
Тој долго време се поврзуваше со Баерн, Барселона и Реал Мадрид, но на крајот би можел да остане во Дортмунд.
Според извори од Германија, Шлотербак ги обновил преговорите со Борусија минатата недела, а неговите агенти одржале два состанока со раководството на клубот.
Моментално не е јасно дали е поблиску до заминување или останување, но обновата на преговорите покажува дека играњето за Борусија во иднина е многу реална опција.
Ниту еден од заинтересираните клубови не можеше да му гарантира место во стартерот, па наводно се предомислува поради тоа.
Шлотербак има договор со „милионерите“ до летото 2027 година, а доколку не потпише нов, Борусија би можела да го продаде за околу 50.000.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

