Реал Мадрид извести неколку фудбалски федерации, вклучувајќи го и на Франција дека нема да ги пушта своите играчи на Олимписките игри во Париз, што дополнително го комплицира трансферот на Килијан Мбапе, кој ова лето треба да му се приклучи на кралскиот клуб.
Капитенот на Франција неколку пати кажа дека сонува да игра за својата селекција на ОИ во неговата земја. Но, со оглед дека ОИ не се дел од ФИФА, клубовите не се должни да ги пуштат своите играчи.
„Реал напиша писмо до сите сојузи дека нема да ги пушти своите играчи на Олимписките игри“, рече извор за АФП.
Ова писмо е лоша вест за Мбапе, кој најави заминувње од ПСЖ, а трансферот во Реал Мадрид е многу веројатен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА