Реал Мадрид не го сака Пол Погба

Реал Мадрид воопшто не е заинтересиран за потпишување договор со Пол Погба следното лето тврдат шпанските медиуми. Ова е своевиден одговор на изјавата на Погба кој пред неколку дена практично го замоли Реал Мадрид да го купи велејќи на прес конференција дека му е сон да биде дел од „кралскиот клуб“. Изјавата ја даде на прес конференција на францускиот национален тим со кој во моментов има репрезентативни обврски.

Договорот на Погба со Манчестер Јунајтед истекува во 2022 година, а клубот ја има опцијата да ја продолжи соработката за уште 12 месеци. Трансферот на Французинот во Реал Мадирд беше актуелен особено минатото лето, но не беше реализиран. Потоа тој се соочуваше со проблеми поради повреди во голем дел од минатата сезона. Имаше најави дека Погба ќе потпише продолжување на договорот со Јунајтед, но овие навестувања стивнаа.

Се вчитува...