Реал Мадрид ова лето има намера да прави „дрим тим“. Веќе е извесно дека нови „кралеви“ ќе бидат Килијан Мбапе од ПСЖ и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен, но Флорентино Перез нема намера да се задоволи само со овие двајца.
Според најновите информации, Реал ќе се обиде да го привлече и еден од најдобрите играчи на Ливерпул во изминатите години, Тренд Александар-Арнолд.
Перез ја следи ситуацијата со договорот на Трент кој истекува во 2025 година. Ливерпул сигурно ќе му понуди нова соработка, но доколку биде одбиена, сето тоа планира да го искористи најтрофејниот европски клуб по бројот на пехари во ЛШ, и да го земе во своите редови, може уште летото со обесштетување, или да го чека идното да го ангажира како слободен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА