Реал Мадрид не застанува: Поведе со два разлика против Ливерпул (ВИДЕО)

Европскиот шампион Реал Мадрид сега е многу поблиску до победа, иако губеше 2-0 по првите 15 минути од Ливерпул на „Енфилд“.

Со головите на Винициус „кралевите“ стигнаа до 2-2 на полувремето, а на почетокот на вториот дел првакот на Европа постигна уште два гола за целосна контрола на резултатот, најавувајќи катастрофа на Ливерпул и покрај добриот старт.

Милитао во 47. минута најпрво донесе прво водство, а потоа Бензема со многу среќа (топката се одби од Гомез) го совлада Алисон за 2-4 за Реал Мадрид.

Се вчитува...