Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ е прекуброен во редовите на Фенербахче па истанбулскиот тим се обидува на секој начин да најде купец за 30-годишникот кој има договор до 2028 година.
Како што откриваат турските медуми поранешниот голман на Динамо Загреб бил понуден и на Реал Мадрид како дел од трансфер кој во Турција би го довел Андреј Лунин, но понудата експресно била одбиена од страна на раководството на шпанскиот гигант.
Хрватот се наоѓа во лоша ситуација бидејќи на него повеќе не смета Жозе Мурињо и покрај тоа што од трансферот во 2023 година беше прв избор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

