Еден од најдобрите леви бекови на денешницата, Тео Хернандез се понудил за трансфер во Реал Мадрид кој воедно би значен и негово враќање на местото каде што настапуваше пред да премине во Милан.
Со оглед на катастрофалната сезона на Милан по која ќе следат намалување на буџетот и серија за заминувања репрезентативецот на Франција самиот се понудил на својот поранешен клуб, но експресно би одбиен, пренесуваат шпанските медиуми.
Главна трансфер цел на Реал Мадрид за левата бековска позиција е 22-годишниот Алваро Карерас од Бенфика кој потекнува од младинската школа на Манчестер Јунајтед. Тој не успеа да се наметне на „Олд Трафорд“ па за скромни шест милиони евра беше продаден на португалскиот тим каде успеа да го покаже целиот потенцијал.
Сега се очекува и голема заработка на Бенфика со оглед на тоа што откупната клаузула му изнесува 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

