Герет Бејл се соочува можеби со последните седмици во Реал Мадрид откако клубот донел одлука претстојново лето да прави големи промени и да доведе засилувања, а за тоа ќе му требаат пари и затоа Велшанецот ќе оди на продажба.
Реал го проценил Бејл на 130 милиони евра, тврди шпанскиот “Ас“. Оваа сума е исклучително висока, особено поради возраста и бројот на повреди низ кои минуваше Бејл. Тој заработува 30 милиони евра по сезона, сума која многу малку клубови би можеле да си ја дозволат. Во игра е Манчестер Јунајтед.
Претходните инфoрмации пак беа дека Реал го ослободува Бејл со тоа што ќе му овозможи да избере каде сака да оди, во Манчестер или во Баерн.
Дел од шпанските медиуми пак пласираа информација, дека Реал би го менувал Бејл за Пол Погба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА