Реал Мадрид доминантно го освои трофејот во кошаркарскиот Куп на Шпанија, но остана без крилниот играч Ентони Рендолф. Тој ќе паузира повеќе од еден месец поради повреда на прстот на левата рака, што ја заработи токму на финалниот меч против Уникаха.
Рендолф скинал лигамент на прстот на шутерската рака и најверојатно ќе мора да замине на операција. Најоптимистичките најави дека би можел да се врати на паркетот за еден месец, но можно е да биде надвор од тимот и шест седмици. Неговото враќање во составот на „кралевите“ се очекува на крајот на април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА