Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени ќе го пропушти финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (1 јуни) поради повреда на стапалото, потврди Карло Анчелоти. Францускиот репрезентативец се повреди на реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Анчелоти откри дека Чуамени ќе се обиде навреме да се опорави за настап на Европското првенство за Франција.
Тоа е удар за тимот на Анчелоти со оглед на тоа што Чуамени беше стандарден првотимец на позицијата последен играч од средниот ред. Тој играше во стартниот состав на сите натпревари од нокаут фазата во Лигата на шампионите, освен на реваншот од четвртфиналето против Манчестер Сити, кој го пропушти поради жолти картони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА