Реал Мадрид стигна до огромни три бода откако славеше во првото „ел-класико“ во сезоната, совладувајќи ја Барселона со 1-2 во натпревар во кој „кралевите“ мораа да направат целосен пресврт за да ја надминат негативата од еден гол.
Сепак Карло Анчелоти нема долго да ја слави оваа победа со оглед на повредата на еден од клучните играчи, Аурелиен Чуамени. Младиот фудбалер од средниот ред заработи повреда на левото стапало која ќе го оддалечи од теренот во следните шест до осум недели.
Чуамени кој го засили Реал Мадрид од Монако за 80 милиони евра се наметна како стандарден првотимец оваа сезона во која Реал Мадрид нема пораз со него. А, неговото отсуство се очекува да донесе поголема минутажа за Лука Модриќ кој неодамна падна во втор план.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

