Рафаел Варан имаше очаен натпревар во одбраната на Реал против Валенсија, а згора на тоа францускиот репрезентативец во финишот заработи повреда, па сега ќе мора да отсуствува извесно време од терените. Тој мораше да биде заменет во 72. минута, откако се пожали на болка во мускулот, а Зинедин Зидан откри дека повредата не е наивна.
„Варан почувствува болка, не можеше да трча и мораше да излезе. За жал, првичните прегледи покажаа оштетувања на мускулните влакна, што ќе значи пауза од најмалку 20 дена од терение“ – изјави тренерот на Реал Мадрид.
Ова ќе значи нова шанса за Пепе како партнер во одбраната на Серхио Рамос. Реал Мадрид во следните дваесетина дена ќе има три гостувања, против Вилјареал и Еибар во Примера и против Наполи во рамките од ЛШ, меч закажан за 7 март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА