Реал Мадрид останува перфектен, со пресврт до триумф над Реал Сосиедад

Реал Мадрид е единствената екипа со стопроцентен ефект по првите пет кола во Ла Лига откако „кралевите“ го добија вечерашниот меч против Реал Сосиедад со 2-1. Карло Анчелоти и неговите избраници имаа и доста среќа бидејќи имаа само еден гол негатива по првото полувреме што го одиграа далеку под својот просек, па „шок-терапијата“ во вториот дел помогна со два погодоци да се стигне до цел плен на овој натпревар.

Гостите од Баскија поведоа со 0-1 по само пет минути игра преку Баренечеа, кој одлично се снајде по маестралното додавање на Кубо и го совлада голманот Кепа. Кубо постигна и втор гол што беше поништен поради офссајд, а Кепа успеа да го запре опасниот обид да Мерино, па на одмор се замина со минимални 0-1.

Реал Мадрид израмни со својата прва акција во второто полувреме, Фран Гарсија асистираше, а Валверде со прецизен удар од работ на шеснаесетникот ја смести топката во мрежата. Гарсија беше асистент и при вториот гол на Реал, овојпат стрелец беше Хоселу, кој одлично се снајде и со прецизен удар со глава предизвика еуфорија на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...