Создавањето на проектот НБА Европа го пренасочи вниманието на кошаркарската јавност кон заминувањето на клубовите од Евролигата, а познато е дека Барселона, еден од 13-те клубови што го поседуваат натпреварувањето, ја продолжи соработката за уште 10 години.
АСВЕЛ, кој бележи многу скромни резултати во Евролигата во последните неколку сезони, сигурно влегува во заеднички проект меѓу НБА и ФИБА, како што објави првиот човек на клубот, Тони Паркер, а има знаци дека Реал Мадрид, кој е исто така пред излезната врата од Евролигата, ќе остане во натпреварувањето.
Грчкиот весник „Газета“ објави статија од новинарот Антонис Калкавурас за претстојниот дводневен состанок на одборот на директори на ЕЛ во Барселона, во која се наведува дека одлуката на Реал да остане во Евролигата би можела да биде под влијание на оставката на литванскиот функционер Паулиус Мотиејунас од функцијата директор на Евролигата.
Мотиејунас редовно беше критикуван за нарушените односи со Реал и Фенербахче (кој не е толку „тврд орев“ како шпанскиот клуб), пропаѓањето на преговорите со НБА и ФИБА, како и „бунтот“ на пет клуба од Евролигата (Баерн, Басконија, ЦСКА, Ефес и Олимпијакос).
Според тоа, грчкиот новинар дошол до информацијата дека Реал Мадрид ја гледа оставката на Мотиехунас како клучен фактор за останување во Евролигата и дека проектот НБА Европа многу веројатно ќе биде одложен за 2028 или 2029 година.
Управниот одбор ќе се занимава со овие клучни прашања, но и со некои (речиси козметички во овие кризни околности) прашања како што е намалувањето на бројот на натпревари со поделба на натпреварувањето на две конференции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

