Шпанскиот шампион Реал Мадрид вчера информираше дека еден фудбалер од првиот тим е позитивен на коронавирус и веќе се наоѓа во изолација. Од кралскиот клуб денеска информираа дека станува збор за Едер Милитао.
Освен Милитао од клубот информираат дека сите други фудбалери биле негативни на истото тестирање, но дека ќе направат нови тестови како би ги разрешиле сите дилеми пред натпреварот во Лигата на шампионите против Интер.
Милитао на „Сантијаго Бернабеу“ стигна во 2019 година, а досега за првиот тим забележа 17 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

