Реал Мадрид „падна“ во Сан Себастијан, Барса на победа до титула (ВИДЕО)

Реал Мадрид продолжува со слабите партии токму пред одлучувачките натпревари во сезоната (финалето на Купот и 1/2 финалето во ЛШ). Актуелниот шампион вечерва е поразен од Реал Сосиедад, и така битката за титулата ја сведе на нула, додека Сосиедад има големи шанси по долго време да се пласира во Лигата на шампионите.

Кубо во првата минута од вториот дел донесе голема радост на „Аноета“. Во 61. минута Реал Мадрид остана со играч помалку, откако втор жолт доби Карвахал.

Сето тоа го искористи Реал Сосиедад во 85. минуте преку Баренетче успеа да го совлада Куртоа и да донесе голема победа за Сосиедад.

Разликата сега меѓу Барселона и Реал Мадрид изнесува 14 бодови на пет кола до крајот, што значи дека на Барса ќе му биде потребна уште една победа за да ја осигура шампионската титула. Атлетико, пак, има шанси да го престигне Реал Мадрид со оглед дека има два бода помалку и меч помалку од својот градски ривал.

Се вчитува...