Реал Мадрид победи и се спаси од елиминација во Евролигата

Кошаркарите на Реал Мадрид намалија на 2-1 во серијата против Олимпијакос, во 1/4 финалето во Евролигата, па така ја продолжија неизвесноста околу патникот на Ф4 во Абу Даби.

„Кралевите“ славеа победа на крај од 80-72 за прв триумф во серијата против грчката екипа, која може да жали што вечерва не успеа да дојде до Фајнл-форот. Олимпијакос на полувреме имаше +6, откако одигра перфектна втора четвртина, но потфрли во вториот дел, кога Реал Мадрид дојде до водство, кое го задржа до крајот на мечот.

Везенков и Вилијамс-Гос беа најефикасни со 21 и 17 поени, но кај гостите недостасуваше поддршката од другите соиграчи. Таварес и Хезоња кај Реал Мадрид беа најефикасни со 15, односно 14 поени.

Пласман во Ф4 засега обезбеди само Фенербахче кој со 3-0 го порази Париз.

Се вчитува...