Фудбалерот на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени, ја посвети победата над Бенфика на борбата против расизмот.
Фудбалерите на Реал се квалификуваа во осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, откако ја победија Бенфика со 2-1 во реванш натпреварот од плејофот синоќа на домашен терен, и тоа по минимален триумф во првиот натпревар.
За време на првиот натпревар во Лисабон, играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, го пријави играчот на Бенфика, Џанлука Престијани, за расистички навредување.
Европската фудбалска унија (УЕФА) привремено го суспендираше Престијани, кој го пропушти реванш натпреварот во Мадрид.
„Мислам дека има поважни работи од овој натпревар, од фудбалот. Ова е победа за сите нас. Винисиус ја задржа самодовербата и останува фокусиран на она што треба да го прави. Мислам дека донесоа правилна одлука кога не му дозволија на човекот (Престијани) да игра“, рече Чуамени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

