Реал Мадрид подготви 50 милиони евра за стопер

Реал Мадрид би можел да бара голман во текот на летото, а првото име што се најде на списокот е голманот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербак. 

Овој германски репрезентативец е на мета на Реал Мадрид во последните неколку недели, а приказната се заостри и трката со Барселона може да биде исцрпувачка бидејќи и клубот од „Камп Ноу“ е заинтересиран за 26-годишникот. 

Позицијата стопер е приоритет за Реал Мадрид во летниот преоден рок и ги сакаа Гехија, Упамекан, Конате, но во последните неколку недели Шлотербак е прв избор на раководството и во моментов работат на неговиот трансфер. 

Договорот на Ник Шлотербак со Борусија Дортмунд истекува во летото 2027 година, што е олеснување за Реал Мадрид во преговорите.

Предноста на овој стопер е фактот што неговата лева нога е посилна, тој е стандарден член на стартните 11 во репрезентацијата и јасно е дека интересот за него е зголемен. 

Се вчитува...