Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе понуди 100 милиони евра за францускиот мегаталент Килијан Мбапе од редовите на Монако. Тој блесна во полн сјај оваа сезона, и го привлече кон себе вниманието на најголемите европски клубови.
Претседателот Флорентино Перез мора да купи нова ѕвезда со оглед дека се ближат новите клупски избори за прв човек, а Мбапе е засега прв избор, како вложување во иднината на тимот. Сепак, самиот фудбалер истакна дека нема намера така млад да замине на „Сантијаго Бернабеу“, затоа што таму би можел и да се наметне уште од самиот старт, што ќе значи и чекор назад во неговата кариера.
Покрај Мбапе, Реал Мадрид е сериозно заинтересиран и за Пјер – Емерик Обамејанг, напаѓачот на Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА