Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе тргне со сите сили во ангажман на англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд, кој е член на Манчестер Јунајтед. Раководството на „кралевите“ преку посредници веќе му најавило на младиот напаѓач на „црвените ѓаволи“ дека го посакува по завршувањето на оваа сезона и дека е подготвува понуда вредна 100 милиони фунти. Поради ова Рашфорд и одолговлекува со потпишување на нов договор со клубот од „Олд Трафорд“.
Рашфорд во моментот заработува 60.000 фунти неделно, што секако е скромна сума во однос на останатите негови соиграчи, но и англиски репрезентативци. Манчестер Јунајтед сака да му понуди 200.000 фунти седмично за да остане во клубот, но Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за него и сите сили ќе се обиде да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ следното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА