Реал Мадрид подготвува јануарска „бомба“ од 110 милиони евра

Реал Мадрид подготвува голема бомба, и ја користи хаотичната ситуација во редовите на Ливерпул. „Кралевите“ наводно сакаат во своите редови да го видат Мохамед Салах. Египѓанецот кој има проблеми со својот клуб, би можел да биде продаден уште во јануари.

Ова би значело дека би се оствариле соништата на Чаби Алонсо да го има играчот кој е негова желба. Салах веќе го напушти Ливерпул, и ќе настапи на престојниот Африкански куп на нациите, и прашање е дали воопшто ќе се врати на „Енфилд“ или ќе биде продаден во јануари.

Салах се поврзуваше со Реал Мадрид, но многу е тешко да се замисли дека ќе се пресели во мадридскиот тим во јануари. Според „Дефенса Централ“, еден играч на Ливерпул ќе се пресели во Мадрид во 2026 година, а тоа е Флоријан Вирц.

Се вчитува...