Реал Мадрид подготвува мега трансфер од над 100 милиони евра

Новата сезона за Реал Мадрид не започна добро кога станува збор за повредите. Давид Алаба нема да се врати во предвиденото време, Дани Карвахал заработи тешка повреда и ќе биде во „аут“ цела сезона, повреден е и Едер Милитао па шпанскиот клуб е приморен на драстичен потег, во јануари на „Сантијаго Бернабеу“ да доведе врвно засилување за одбраната.

Изборот паднал на фудбалерот на Арсенал, Вилијам Салиба, 23-годишниот француски репрезентативец кој се наметна како еден од најдобрите стопери во Премиерлигата со одличните настапи за „топчиите“.

Французинот е голема желба на Карло Анчелоти и Реал Мадрид воопшто нема да штеди на негов ангажман. Според популарниот „Трансфермаркт“ тој вреди 80 милиони евра која ќе биде и почетната сума во преговорите, но јасно е дека за негов премин во главниот град на Шпанија ќе треба да бидат издвоени повеќе од 100 милиони евра.

 

Се вчитува...