Најтрофејниот клуб во светот Реал Мадрид и компанијата„ A22“, промотори на проектот за Европската Суперлига, подготвуваат заедничка тужба против УЕФА со која ќе побараат 4,5 милијарди евра.
Станува збор за побарување што опфаќа изгубена добивка, репутациска штета и вкупни финансиски загуби, кои настанале поради повеќегодишното спречување на проектот за Суперлига.
Реал и A22 сега се решени да покренат тужба за монополистичко однесување, уверени дека УЕФА „само купувала време“ за да го спречи стартот на Суперлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

