Реал Мадрид поднесе тужба до Обвинителството за расизам врз Винисиус

Реал Мадрид ја извести јавноста дека поднела тужба до Државниот јавен обвинител за кривичните дела омраза и дискриминација поради расистичките навреди кон Винисисус Жуниор на натпреварите од Лигата на шампионите помеѓу Барселона – Наполи и во Мадрид помеѓу Атлетико Мадрид – Интер.

Реал Мадрид побара од Обвинителството да собере докази од споменатите натпревари, и да ги пронајде виновниците.

„Реал Мадрид бара од Обвинителството да ги разгледа снимките од безбедносните камери за да се идентификуваат оние кои упатија расиситчки навреди против нашиот фудбалер. Реал Мадрид ги осудива овие насилни напади на расизам, дискриминација и омраза, кои постојатно се случуваат врз нашиот фудбалер Винисиус. Нашиот клуб ќе продолжи да работи на одбрана на вредностите на фудбалот и спортот, и ќе остане цврсто во својата борба за нулта толеранција наспротив ваквите лоши епизот како оние кои продолжуваат да се случваат во последно време“, стои во соопштението.

Се вчитува...