Реал Мадрид е во загуба од 300 милиони евра во текот на 15 месеци во кои трае пандемијата од коронавирусот. Пресметките се однесуваат во периодот од март 2020 со јуни 2021 година.
Падот во приходите во голема мерка влијаеше во работата на клубот, особено кога е во прашање трансфер маркетот. Сепак и покрај големите загуби на приходите, Реал е во позитивен билнанс од 874.000 евра.
Тоа е овозможено благодарение на тоа што заштедиле на платите на играчите за десет отсто. Тоа е што е добро што долгот од 240 милиони го намалиле на 46 милиони евра. Клубот во моментов има 534 милиони во акции и 122 милиони евра во кеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА