Откако ја загуби трката по Нејмар од Барселона, Флорентино Перез е упорен во обидите да ги осигура потписите на најталентираните млади бразилски фудбалски асови.
Од пред извесно време е осигуран потпишан Виничиус, а од денеска нов член на актуелниот првак на Европа е и 17-годишниот Родриго. Овој суперталентиран тинејџер доаѓа од редовите на Сантош, а „кралевите“ ќе платат огромни 40 милиони евра за неговиот потпис.
„Можеме да потврдиме дека е постигнат целосен договор со Реал Мадрид за трансферот на Родриго. Фудбалерот ќе се пресели во Мадрид во јули 2019 година“ – соопшти Сантош на својата официјална веб-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА