Реал Мадрид стави крај на сагата и го промовираше Аурелиен Чуамени за нов фудбалер. Она што беше јасно веќе неколку недели наназад, денеска доби и официјална потврда, откако Реал Мадрид на социјалните мрежи го официјализираше францускиот фудбалер од средниот ред.
Чуамени доаѓа од Монако, а се шпекулира дека „кралевите“ за него платиле 100 милиони евра. Тој официјално ќе биде промовиран пред медиумите во вторник.
„Реал Мадрид и Монако се договорија за трансфер на играчот Аурелиен Чуаемени кој ќе биде во клубот во следните шест години. Следниот вторник ќе се одржи церемонијата на претставување на новиот играч“, соопштија од Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

