Реал Мадрид повторно ќе ја бојкотира Златната топка?

Церемонијата за доделување на „Златната топка“ ќе се одржи во Париз на 22 септември, но се очекува еден настан повторно да фрли сенка врз целата церемонија.

Минатата година, трофејот му припадна на Родри, кој го победи Винисиус за наградата во последен момент . Ова предизвика големо незадоволство во Реал Мадрид, бидејќи никој од клубот не сакаше да присуствува на церемонијата, убедени дека на Бразилецот буквално му е украдена наградата.
Како што пишува „Марка“, се помалку шанси има претставници на мадридскиот клуб да учествуваат на овогодинешното доделување на наградите, чии водители ќе бидат Руд Гулит и Кејт Скот . Се очекува играчите, тренерите и раководните лица на Реал Мадрид повторно да останат дома, иако тројца од нивните играчи се меѓу 30-те финалисти – Килијан Мбапе, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор. Голманот на „кралевите“ Тибо Куртоа е номиниран и за трофејот „Јашин“.

Делегација од „Франс фудбал“ се обиде да ги убеди челниците на Реал Мадрид на состаноците во Мадрид, но не беше постигнат договор. Клубот сè уште не ги разбира причините за промените во системот за бодување и критериумите за избор минатата година. Покрај тоа, откако УЕФА се приклучи на организацијата, односите меѓу неа и Реал Мадрид станаа уште позатегнати.

Интересен детаљ е што Карло Анчелоти , иако беше прогласен за најдобар тренер во светот во сезоната 2023/24, никогаш не го подигна својот трофеј.

Се вчитува...