Реал Мадрид имаше многу тешкотии на гостувањето кај Лас Палмас, откако мораше да брка негатива за да ги освои трите бода, и да ја продолжи победничката серија во Ла Лига.
„Кралевите“ уште во првиот дел се соочија со проблеми, откако Лас Палмас можеше да добие пенал, но судијата се реши да не ја прегледува ВАР снимката.
Во второто полувреме Лас Палмас преку Хавиер Муњоз стигна до предност во 53. минута.
Винисиус Жуниор во 65. минута по одличната асистенција на Камавинга, успеа да однесе израмнување. Реал Мадрид притисна да дојде до победата, и Чуамени со глава по изведен корнер од Крос успеа да донесе предност и победа за „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

