Реал Мадрид ремизираше против Атлетико во контроверзното градско дерби, по што судијата повторно беше во центарот на вниманието поради сомнителниот пенал за Атлетико, а ден подоцна дознал уште една лоша вест. Лукас Васкез е повреден и ќе отсуствува најмалку три недели.
Ова се нови големи проблеми за Реал, кој веќе има неколку дефанзивци надвор од теренот. Васкез е веќе петти, а веќе надвор се Милитао, Рудигер, Алаба и Карвахал.
„Кралевите“ во вторник ќе се соочат со Манчестер Сити во плеј-офот во Лигата на шампионите, а Федерико Валверде сега останува единствена опција како десен бек, со оглед дека и првиот Карвахал е долго време повреден. Тоа значи дека Лука Модриќ или Едуард Камавинга ќе бидат приклучени во средниот ред, заедно со Себаљос и Белингем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА