Чума Океке, доскорешниот НБА кошаркар е нов кошаркар на Реал Мадрид откако шпанскиот тим ја официјализираше двогодишната соработка со можност истата да биде прекината доколку следното лето Американецот добие понуда за камбек во најсилното кошаркарско првенство.
Избран како 15. пик на драфтот во 2019 година крилниот центар кариера ја започна во Орландо, но откако не успеа да се наметне во тимот следеше премин во развојната лига. Оваа година се врати на „големата сцена“ и настапи за Филаделфија и Кливленд, но без значајна улога.
⚔🛡 @chuma_okeke #WelcomeOkeke pic.twitter.com/1DNgDkHMpQ
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) July 30, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

