Реал Мадрид „раскина“ со Муса и ја промовираше неговата замена

Реал Мадрид започна со промените во ростерот по лошата сезона во која беше освоен само шампионскиот трофеј во домашното првенство. Дел од тимот повеќе не е Џанан Муса кој се очекува да биде промовиран како нов кошаркар на Дубаи, а неговото место официјално го заменува Тео Маледон.

Станува збор за 24-годишен Французин кој го покрива позициите еден и два и доаѓа од редовите на АСВЕЛ каде ја помина сезоната 2024/25 која воедно означи и камбек на европската сцена по неколкугодишниот настап во НБА за Оклахома, Шарлот, Феникс и филијалите на овие тимови во развојната лига.

Се вчитува...