Иако малкумина пред неколку денови веруваа дека може да се реализира трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, сега веќе се чини дека тоа е сосема извеснот.
Шпанските медиуми и денеска пренесуваат дека веќе и Реал Мадрид се согласил со заминување на Роналдо, но бараат од португалскиот репрезентативец да излезе во јавност и да ја соопшти вистината околу целата оваа приказна.
„Роналдо може да си оди од Реал Мадрид, но чесно е пред целата спортска јавност и пред навивачите на клубот да излезе и да каже дека тоа е само негова одлука“ – велат од „кралскиот клуб“.
Како што пренесува „Марка“, ова барање на Реал е затоа што не може да се носи соодветно со се погласните критики од навивачите кои се незадоволни што Португалецот заминува од клубот.
„Марка“ на денешната насловна страница пренесува дека Роналдо веќе му дал збор на претседателот на Јувентус, Андреи Ањели дека доаѓа сигурно во Торинот, а се чека Флорентино Перез да ја прифати и официјално понудата од 100 милиони евра за да трансферот се комплетира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА