Реал Мадрид руши рекорди по број на добиени пенали

Екипата на Реал Мадрид е лидер по досудени пенали за нив во ТОП 5 лигите во Европа. Вчера „кралевите“ изведоа два удари од белата точка во победата од 4-1 против Реал Сосиедад, откако двапати погоди Винисиус.

Реал Мадрид досега изведе вкупно 13 пенали во Ла Лига, што е апсолутен рекорд во досегашниот дел од првенството. Тоа е највисокиот број на досудени удари од 11 метри во ТОП 5 лигите во Европа.

Баерн Минхен е далеку зад нив со девет досудени удари од белата точка, додека на Мајнц, Брентфорд и Брест им се досудени по осум удари.

Се вчитува...