Реал Мадрид сака да го тужи Пике

Се ближи „Ел Класико“ и се вжештува атмосферата меѓу Реал Мадрид и Барселона. Жерар Пике постојано ги „пецка“ членовите на „кралскиот клуб“, но сега и Флорентино Перез се вклучи во пресметката. Тој ја разгледува можноста да го тужи Пике за постојаните навреди кон Реал Мадрид. Ангажирани се правници за да ги разгледаат изјавите што Пике ги даваше во изминатиот период.

„Кога Барселона ја имала помошта на судиите? Во Лигата на шампионите? Мислев дека се мисли на Примера. Сите зборуваат за историски пресврт од 6-1, а целиот фокус е на арбитрите. Ништо не реков кога Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите со гол од офсајд. Од друга страна, Меси и Нејмар ги влечат по судови, а никој не зборува за Кристијано Роналдо“, изјави Пике.

pike 2

Но, не му остана должен и капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос.

„Тоа што го вели Пике, не ја менува вредноста, историјата или нашите титули. Неговите зборови ќе ги продадат весниците, во таков свет сега живееме. Но, тие постојано се извлекуваат и мислам дека би требало да молчат“, изјави Рамос.

Се вчитува...