Реал Мадрид сака да помогне во подобрување на судењето: „Судиите постојано му нанесуваат штета на клубот“

По серијата на одлуки во последно време кои предизвикаа бурни реакции, тимот на Реал Мадри планира да претстави план за подобрување на судискиот систем. Ова го објавија дел од шпанските медиуми.

Претхдоно Реал Мадрид упати официјална жалба до Кралската шпанска фудбалска федерација за судењето на натпреварот со Еспањол, и повика на целосна ревизија  на шпанскиот судиски систем. Кралевите ги обвинија судиите дека „постојано му нанесуваат штета на клубот“.

Клубот од Мадрид сака да претстави план за подобрување на судискиот систем кој става акцент на транспарентноста во работата на ВАР и признавањето на грешките.

Се вчитува...