Манчестер Сити во 19. минута од средбата против Реал Мадрид поведе на „Етихад“. Ерлинг Халанд ја казни грешката на Асенсио, и успеа да го совлада Куртоа по асистнеција на Гвардиол.
Овој гол на Норвежанецот доаѓа после две супер шанси кои ги имаше Реал Мадрид. Најпрво преку Мбапе кој излезе сам пред голот, но одбрани Едерсон, а потоа и преку Менди кој имаше празна мрежа, но во последен момент интервенираше Аке.
И таа серија на напади ги издржа домашниот тим, за потоа да дојде во предност. Четири минути судијата го проверуваа голот, и на крај го потврдија.
Веднаш потоа Винисиус ја погоди пречката од голот на Едерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

