Кошаркарите на Реал Мадрид се поразени на стартот од Евролигата, откако изненадувачки загубија од Виртус Болоња со 74-68.
„Кралевите“ имаа предност по првата четвртина, и се чинеше дека го имаат мечот под контрола. Меѓутоа Болоња со импресивен втор период, замина на полувреме со предност. Домашниот тим во ниту еден момент не дозволи во второто полувреме да има противникот предност, одлично се бранеше и на крајот успеа да слави триумф. Едвардс со 14 поени беше најефиксен кај победничкиот тим, а исто толку постигна Хезоњ кај поразените гости.
Олимпијакос славеше победа против Басконија на гостински терен во првото коло од Евролигата со 96-102.
Басконија се држеше до самиот крај на натпреварот, но на крајот Олимпијакос успеа да победи. Најефикасен поединец беше Саша Везенков кој постигна 24 поени со 12 скока и една асистенција. По него следуваа Тајлер Дорси со 20 поени, како и Никола Милутинов со дабл-дабл учинок од 12 поени и 14 скока.
На другата страна во редовите на Басконија, заслужен за споменување беше Тимоте Луваву-Кабарот со 23 поени, шест скока и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

