Реал Мадрид се надева на нова неуспешна сезона на Арсенал

Францускиот стопер од редовите на Арсенал, Вилијам Салиба останува приоритетен трансфер на Реал Мадрид. Мала е веројатноста дека „кралевите“ ќе успеат да го ангажираат 24-годишникот ова лето со оглед на неговиот статус во клубот па од мадридскиот табор се надеваат на нова неуспешна сезона на Анличаните.

Договорот на Салиба со Арсенал е со важност и во следните две години, но доколку Арсенал не стави крај на проклетството и не успее да стигне до голем трофеј во сезоната 2025/26, шансите да го продолжи договорот драстично ќе се намалат па согласно со тоа „топчиите“ ќе мораат да дозволат негов трансфер за да не замине како слободен играч.

Со оглед на годините на стоперот, раководството на Реал Мадрид смета дека тој е идеално решение за долги стази па неговото „врбување“ веќе е започнато.

Францускиот репрезентативец е дел од Арсенал од 2019 година. По двете сезони поминати на позајмици во Ница и Марсеј доби шанса во првиот тим и веднаш се наметна како незаменлив дел од истиот и како еден од најдобрите стопери на денешницата. Минатата сезона одигра 51 натпревар за Арсенал.

Се вчитува...