Набрзо по објавувањата на обвинијата дека Серхио Рамос на два пати ги прекршил допинг-правилата, се огласи и реал Мадрид со официјално соопштение во кое застанува во одбрана на својот капитен.
„Во врска со информациите објавени од „Шпигел“ за нашиот капитен, клубот сака да го каже следното:
Серхио Рамос никогаш не ги прекршил правилата за анти-допинг.
УЕФА побара специфични информации и веднаш го затвори случајот за кој се пишува, откако беа направени тестови од страна на експерти на Светската агенција за анти-допинг (ВАДА) и експери од УЕФА.
Што се однесува до другата содржина на текстот, клубот нема да даде друг коментар со оглед на тоа дека обвинувањата се неосновани“ – пишува во соопштението од Реал Мадрид.
Германскиот весник „Шпигел“ повикувајќи се на документи од „Фудбал ликс“ вечерва пренесе дека Серхио Рамос бил позитивен на допинг-тестот направен по победата над Јувентус во финалето од Лигата на шампионите во 2017 година, но УЕФА го „архивирала“ случајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА