Реал Мадрид се откажал од Икарди поради Ванда Нара

Аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди беше голема желба на европскиот првак Реал Мадрид, но шпанскиот гигант се премислил во последен момент поради неговата сопруга, а воедно и фудбалски агент, Ванда Нара. Нејзиниот однос и преголемите барања при преговорите, но и воопшто однесувањето што го имаат заедно со Мауро Икарди било пресудно за Флорентино Перез да се премисли и да се откаже од намерата за негов ангажман.

Икарди беше во преговори и со Интер за продолжување на договорот кој му истекува во 2021 година, но веројатно дека Ванда Нара повторно постави преголеми барања, а по ова Аргентинецот ја загуби капитенската лента и воопшто не беше дел од тимот кој играше во Лигата на Европа.

Се вчитува...