Португалскиот играч од средниот ред Витиња, кој освои се што можеше да се освои со ПСЖ, влезе во фокусот на вниманието со одличните настапи. Тоа го забележа и Реал Мадрид кој се подготвува да влезе во трка за одличниот фудбалер.
Сепак, тоа ќе биде преголем залак и за еден од најголемите клубови во светот, но Реал Мадрид има план како да дојде до неговите услуги. Според дел од шпанските медиуми, „кралевите“ се подготвени да го продадат Винисиус за голема сума на пари, само да дојдат до буџет за одличниот Португалец.
Бразилецот со проблематичен темперамент е на излезна врата од „Сантијаго Бернабе“, и со тоа би се обезбедиле пари за Витиња. А, токму играч како одличниот играч од средниот ред му е потребен на Реал Мадрид во моментов после заминувањето на Тони Крос, и летоска на Лука Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

