Реал Мадрид се простува: Почина еден од важните функционери на „кралевите“

Реал Мадрид се простува од Фернандо Фернандез  – Тапијас, кој почина денеска на 84-годишна возраст. Тој до својата смрт ја извршува функцијата потпретседател на клубот.

Фернандез беше чкен на Реал Мадрид повеќе од 30 години. Тој дојде во „кралевите“ од 1993 гоина, и беше дел од сите Управни одбори со кои претседаваше Флорентино Перез. Беше потпретседател на Управниот одбор од 2000 до 2006 година. После три години без функција, од 2009 до неговата смрт ја  извршуваше функцијата потпретседател на клубот.

„Тој секогаш ја покажуваше својата посветеност кон Реал Мадрид. Во неговиот мандат, клубот освои вкупно 58 пехари, од кои 6 европски титули во фудбал и три во кошарка. Тој беше пример за лојалност, посветеност на Реал Мадрид. Неговата смрт преставува голема загуба за Реал Мадрид и сите навивачи на клубот“, стои во соопштението на Реал Мадрид.

Се вчитува...