Реал Мадрид се разбуди во вториот дел, Мбапе донесе триумф над Бетис (ВИДЕО)

После мирното прво полувреме, Реал Мадрид се разбуди во вториот дел и успеа да го скрши отпорот на Бетис, и да обезбеди триумф на „Сантијаго Бернабе“. Конечно, се разбуди и Килијан Мбапе, кој погоди два пати во вториот дел, и донесе победа за „кралевите“.

Избраниците на Карло Анчелоти тешко доаѓаа до можност за гол, а потоа Мбапе во 67. минута откако доби топка од Валверде, успеа да го совлада Силва и да донесе предност за домашните.

Во 75. минута одлично Винициус мина, и беше срушен од голманот Силва. Иако во прв момент судијата покажа офсајд, сепак, по прегледување на ВАР снимката, се покажа дека Бразилецот не бил во недозволена позиција, и дека имало пенал. Сигурен изведувач беше Мбапе, кој во четвртиот меч во Ла Лига, успеа да се запише во листата на стрелците и така да донесе триумф за „кралевите“, втор во сезоната.

Се вчитува...