После поразот од Барселона, и „маката“ која ја виде во дуелот со Ефес, кошаркарите на Реал Мадрид се вратија на победничките патеки, совладувајќи го тимот на Баерн Минхен на негов терен со убедливи 71-92.
Во текот на целиот меч Реал Мадрид беше во константна предност, која од четвртина во четвртина само ја зголемуваше, за на крајот да слави убедлив триумф, и да се зацврсти на првата позиција на табелата во Евролигата.
Поирие беше најефикасен со 18 поени, додека Хезоња постигна 17.
Пред натпреварот кошаркарите на двата тима облекоа маички со името на Бекенбауер, во чест на легендарниот германски фудбалер Франц Бекенбауер кој почина вчера на 78-годишна возраст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА