Реал Мадрид се засили со „анонимус“ кој ќе дебитра во Евролигата на 30 години (ВИДЕО)

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид официјализираше ново засилување за новата сезона. Станува збор за изненадувачки трансфер на Канаѓанецот Ксавиер Рејтан-Мејс кој потпиша двогодишен договор со „кралскиот клуб“ и ќе дебира на евролигашката сцена на 30 години.

Рејтан-Мејс ги покрива двете бековски позиции, а во главниот град на Шпанија се сели по сезона помината во ВТБ лигата каде како член на Енисеј од Краснојарск беше поентерски лидер на првенството со просек од 25.4 поени. Покрај тоа тој забележа и 4.5 асистенции по натпревар со што е во топ 10 листата.

Канаѓанецот професионалната кариера ја започна со НБА драфтот во 2017 година на кој не беше одбран, но по сезона помината во развојната лига настапувајќи за филијалата на Њујорк Никс одигра пет натпревари за Мемфис Гризлис во 2018 година. Истата година замина од САД и се пресели во Грција каде ги бранеше боите на АЕК, а пред да заигра во Русија настапуваше и во Израел, Романија, Австралија и Турција.

Се вчитува...