Реал Мадрид престојното лето ќе се обиде да го ангажира младиот талентиран француски стопер Лени Јоро од Лил. 18-годишникот е дел од репрезентацијата на Франција до 21 година и веќе импресираше во сениорскиот фудбал во настапите за матичниот клуб.
Со оглед на талентот кој го поседува шпанскиот гигант во него гледа некој кој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ долги години и ќе биде столб на одбраната. Неговиот договор со Лил е со важност до 2025 година, а за негов ангажман Реал Мадрид ќе треба да издвои 60 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА